
Пати Мекормак имала само 11 години кога публиката ја видела како едно од највознемирувачките деца што Холивуд ги ставил на платно.
Рода Пенмарк има руси плетенчиња, беспрекорни фустанчиња и совршени манири. Изгледа како дете што секоја мајка од 1950-те би го посакала - знае и да им се насмевне симпатично на возрасните, да шармира непознати и прекрасно да се однесува пред гости.
И да убие повремено.
Мекормак прво ја играла улогата на Бродвеј пред да ја одигра и на филм во 1956 - дете што лаже, манипулира и не покажува каење кога луѓето околу неа ќе почнат да умираат. Тоа и било вознемирувачкото - Холивуд веќе имал покажано деца на кои им се закануваат чудовишта, ама деца кои и чудовиштата ќе ги изедат дотогаш немало.
А и не било само тоа проблем тие години - имало правилник за продуценти според кој никако не смеело негативецот да се извлече на крај. Во романот и претставата, Рода преживува, а мајката умира во обид да ја убие и неа и себе. Но, во филмот не смеело да биде така, па го смениле крајот: Рода ќе залута надвор за време на бура и ќе се врати
иде спојлер!

каде што гине една од нејзините жртви. Ќе се обиде да посегне по медалот што го сака во текот на целата приказна и ќе ја удри гром.
Не им било доста, па има уште почуден обид да се утеши публиката - на крајот на филмот, се појавуваат заедно Пати Мекормак и Ненси Кели (мајката), па Кели божем на шега ќе ја исплеска малата колешка. Значи, после два часа психолошки хорор, Холивуд морал уште малку да ја потсети публиката дека Пати е сепак само дете.
На Академијата не ѝ била битна возраста и Мекормак добива номинација за Оскар за најдобра споредна улога.
Сепак не е сеедно да успееш да направиш мало девојченце морничаво страшно.
Сега можеш, во 1950-те било тешко.
Еве трејлер, и предлог што да гледате вечер, нема да се разочарате: