Канабис како состојка за нега на кожа

Додека ние се тегнеме околу закони и правила на оваа тема, светот прифаќа дека придобивките од канабисот не се ограничени само на една-две употреби.

Наодите за ова се толку убедливи, што еден британски професор, Мајк Барнс, директор на Christchurch Group Neurological Rehabilitation, подготвил истражување за медицинските придобивки од канабисот, финансирано од владата, и откако завршило и ги добил резултатите, решил да води неуморна кампања за легализација.

„Медицинските и терапевтските придобивки се толку импресивни што самата криминализација на канабисот е неморална,” тврди тој. „Наместо рецепт, се потпираме на црниот пазар, а него луѓето го избегнуваат од страв дека ќе направат кривично дело. Или пак го помагаат црниот пазар со тоа што сами се лечат со лек што не е пропишан.”

Сепак, некои држави веќе се качија на возот: на крајот на 2016-та, 26 американски држави гласаа за легализирање на канабис за медицинска употреба и со тоа и се придружија на Канада, Чешка, Италија и уште некои. Бизнисот цвета, плус ставот за канабисот полека се менува, и тука се вклучува и индустријата за убавина.

„Има нов бран на брендови како МГЦ Дерма, Кики Хелт и Оптиат, кои користат модерни техники да одвојат канабиноиди од целата билка и ги користат нивните убер-ефикасни својства за подобрување на кожата,” вели Алексија Инге, основачка на Култ Бјути, бренд кој има голем избор на производи за нега на кожа на база на канабис. „Кожата има вродени рецептори за канабиноиди, што дозволува екстрактите да бидат инстантно и комплетно апсорбирани. Со тоа производите се ефективен третман за воспаленија како егзема и акни,” објаснува таа.

Кики Хелт можат да се нарачаат од овде. LookFantastic ни е проверено дека испорачува производи до кај нас.

2 јули 2018 - 13:17