„Калигула“ дојде во Кан

Неговиот сценарист Гор Видал го опишува како еден од најлошите филмови некогаш направени“, но има нова монтажа од Томас Негован и доби премиера во Кан.

Негован, човекот што го спаси „Калигула“ вели:

„Имаше многу моменти во последниве три години кога си мислев дека сум будала. Си мислев, ќе му биде ли гајле на некој?“

Но, излезе дека му е гајле на еден од најдобрите судии во индустријата, Канскиот филмски фестивал, па ја букираше новата и веројатно подобрена верзија за отсекот Класици, кој е дел од фестивалот што ја слави уметноста на филмот.

Прв пат новата верзија ја емитуваа во средата, а според Негован,

„Она што е бизарно уникатно е дека личи како верзијата од ‘79 да е девијантната верзија. Нашата е поблиску до она што била првичната намера, а дури и зборот реставрација не одговара - не знам кој збор одговара, не знам како да го наречам ова.“

За блажено неупатените, „Калигула“ е озлогласен како една од најкатастрофалните продукции во светот на филмот, дури и насловот потоа се користел за да се објасни проект што излегува од контрола. Глумеа Малколм Мекдауел, Хелен Мирен, Питер О‘Тул и еден куп порно-ѕвезди, а се следи животот на лудиот римски император Калигула во еден благороден обид да се создаде најексплицитниот престижен филм во историјата на подвижните слики.

Анонимен член на екипа го има опишано како „не е снимање, тоа е четврти рајх, Калигула убер алес.“ И самиот завршен производ не е помалку хаотичен. Финансиите ги собрал основачот на Пентхаус, сценариото е на левичарскиот интелектуалец Гор Видал, а Тинто Брас, познат по еротски филмови бил режисер. Теоретски, овие тројца на маса имаат донесено комбинација од хедонизам, интелект и креативност што и му била потребна на експлицитниот историски епски филм. А сè тргнало наопаку.

Според Негован, оригиналот добил нешто што денес би било „кликбејт монтажа“. А во неговата работа го водела изведбата на Малколм Мекдауел за кој смета дека е потценет во оригиналната монтажа.

„Да, се разбира дека во „Пеколен портокал“ е брилијантен. Но, не е истиот како во „Калигула“. Мислам дека ова му е на Малколм најдобрата изведба.“

22 мај 2023 - 00:00