Историски „голи“ фустани

Во денешно време едно скролање на Инстаграм те дели од „гол фустан“, од Емили Ратајковски, до Клои Севињи. А не е баш нова работа.

Историјата на голиот фустан нè враќа во ‘50-те, кога француско-американскиот дизајнер Жан Луи го разви неговиот карактеристичен фустан-илузија, во кој ѕвезди како Марлен Дитрих и Мерилин Монро изгледаа како да им се залепени светкави камчиња на гола кожа. Овој изглед му стана омилен и на Боб Маки кој потоа на сличен начин ја облекуваше Шер, за потоа Кејт Мос да го донесе во ‘90-те.

Голиот фустан стана рецепт за тие што сакаа да вртат глави и погледи на црвен тепих и безброј такви се имаат прошетано, но во модните учебници можат да влезат само избрани модели, такви што имале моќ да го поместат цајтгајстот и сè уште да провоцираат децении подоцна.

Еве ги:

Мерилин Монро на 45-от роденден на Џон Кенеди

Џејн Биркин на премиерата на Слоган, 1969

Џејн Биркин има кажано: „Не сфатив дека фустанот е толку прозирен - да знаев, немаше да облечам гаќи.“

Шер на Мет Гала во 1974, фустан на Боб Маки

Кејт Мос на журката на Елит Моделс во 1993, фустан од Лајза Брус

Сара Џесика Паркер на ВХ1/Вог модните награфи во 1997 (фустанот што го донесе и називот гол фустан)

Роуз Мекгоуан на ВМА, 1998 (како лична политичка изјава после претрпениот сексуален напад)

Ријана на CFDA модните награди во 2014, како омаж на фустанот на Мерилин, фустан од Адам Селман

извор

29 декември 2022 - 17:59