Инстаграм и новите стандарди за убавина

До денес е веќе јасно колку е важна улогата на Инстаграм во оформувањето на новиот дискурс во однос на физичкиот изглед и тоа што значи убавина. Сепак, кои се ефектите? Апликацијата ја префрли моќта на одлучување кај корисникот, давајќи му глас - не само што ни дозволува пристап кон различни типови на убавина, туку ни дава и слобода да ја изразиме како ни одговара. Од друга страна, со сите тие филтри, никогаш не бил поголем притисокот да се биде совршен. Јеби га, таква е 2018-та.

Некои од најхрабрите гласови на Инстаграм имаат да кажат нешто на темата:

Халима Аден, модел

„Инстаграм го оформува сфаќањето за убавината со тоа што ги изложува корисниците на поширок спектар на убави луѓе. Има мажи и жени со секаква историја, форма на тело и етникум и тие се тие што одново ги дефинираат стандардите со самото тоа што се свои. Сме виделе какво влијание имаат модели како Вини Харлоу и Ешли Греам на нашите нови гледишта. Сè се сведува на самодоверба и тоа е една од прекрасните работи што Инстаграм ги донесе.”

Али Тејт, модел

„Јас доаѓам од привилегија и не ни сфаќав дека пред Инстаграм гледав слика врз слика од бели жени кои доминираа во јавната сфера. Тој тип на постојана изложеност ме натера да мислам дека е тоа е врвот на убавината. Инстаграм ми помогна да видам дека сето тоа е лага. Сепак, од друга страна, гледам толку многу лица што почнуваат да личат едно на друго. Доминира еден тренд на Инстаграм, да се покажува перверзен тип на убавина. Гледам дека секаде се користи ФејсТјун апликацијата која вади се што е несовршено и понекогаш ми изгледа како роботи да ме гледаат од сликите со механички поглед.”

Палома Елсесер, модел

„Инстаграм ја радикализираше индустријата за убавина. Пред тоа, имавме премногу хомогена идеја за тоа. А сега, медиумите веќе не ги држат клучевите. Покажува дека нема само еден тип и еден начин да се биде убав/а. Мене лично ми даде платформа да контролирам не како луѓето ќе ме гледаат, туку како сакам да се претставам во светот. Можам на еден поинтимен начин да покажам што ме прави убава, независно од изгледот. Тоа можеби е мојот ум, начинот на кој се облекувам или призмата низ која го гледам светот. Неверојатно е моќно да го креирам сопствениот наратив и многу е инспиративно да се проширува значењето на убавината.”

Вилсон Ориема, уметник

„Мислам дека Инстаграм ги децентрализира структурите на моќ кои одредуваат што ќе сметаме за убаво. Претходно имавме само неколку организации и луѓе од кои учевме како треба да изгледаме, а сега сите имаме моќ да кажеме што мислиме дека е убаво и да го споделиме тоа! Лично се почувствував многу моќно заради тоа, и за изненадување, ми помогна да се оттргнам од очекувањата и стандардите на другите.”

Стварно е за обожавање значи тој Инстаграм.

20 јуни 2018 - 12:54