Фустан што регистрира „фаќање“, кога веќе не им верувате на жените

Дури и после гаргантуанското #MeToo движење, на пријава за сексуално злоставување и напад сѐ уште се реагира со недоверба. Има и сведоштва од жени кои викаат дека таа недоверба ги погодува скоро колку и самиот напад.

Една агенција за рекламирање, Огилви, на маса го става прашањето - дали мажите би биле повнимателни кон „паметна облека“, наместо кон жените во нивниот живот и како одговор, креираат фустан што регистрира настани, каде што настаните се пипање и пуштање раче кај што не му е место.

Фустаните имаат сензори вшиени во нив кои снимаат контакт и притисок. Било каков притисок на сензорот преку вифи се праќа до компјутер што не само што следи што се случува, туку го преведува во топлинска мапа за локацијата и времето на контактот.

Три жени ги носеле фустаните на една бразилска журка и без дозвола биле допрени 157 (сто пеесет и седум!) пати за помалку од четири часа - стапка што значи еднаш на пет минути за секоја од нив. И како што покажува видеото подолу, ова се случувало и покрај тоа што на мажите им било кажано да престанат.

Подемот на полесни, поевтини и помоќни батерии, комбинирани со разни напредни материјали инспирира ентузијазам за т.н. „паметна облека“ во последние години. Досега имало ѓонови што генерираат енергија додека одиш и прочистувачи на воздух во одела. Сепак, сите овие идеи не се покажале како доволно интересни за да се оправда цената на масовно производство, па може и нема да носиме паметна облека во догледно време - освен, фала богу производи наменети за одредени корисници, како панталони за луѓе со инвалидитет.

Сепак, генијалноста во „Фустанот за почит“ не е во масовното производство - наместо тоа, доволно е да се гледа клипот за да те натера на размислување, а притоа и да се направи врвна кампања за клиентот - Швепс.

16 ноември 2020 - 10:37