И коректорот има филозофија

Желбата да покриеме „несовршености” не е од вчера. Во 18-ти век, на пример, во Англија, мажите и жените си ги покривале лицата со токсична шминка на база на олово, избирајќи порадо да ризикуваат смрт од труење отколку да им се гледаат лузните од сипаници. И во стар Египет, кралот Тат бил закопан со препаратите против акни.

Но, со сите тие различни типови на коректори на пазарот, не е така лесно да одлучи и да одреди човек кои се за црвенило, кои се подочњаци, а кои воопшто нешто прават.

„Има многу погрешни сфаќања за коректорот, особено во поглед на тоа што е најдобро да се користи и за кој проблем,” потврдува шминкерката Кили Вилсон. А кога се работи за сокривање на круговите околу очи, многумина најчесто грешат.

„Сите мислат дека треба да се купи посветла нијанса за да се ‘осветли’, а всушност само успеваат да го направат темното пепеласто,” вели Вилсон. И ако не ви врши работа коректорот, тогаш има еден чекор што најверојатно сè уште го грешите. „Гледајте вака: ако имате виолетов ѕид, сигурно нема одма да му влезете со бела боја при кречење,” објаснува таа. „Темното околу очи ќе се познава, така што прво ви треба прајмер за да ја поништите бојата. Затоа ви треба коректор што прво поправа боја.”

Освен пепел-бојата, грешките често водат до збрчкување под очите. „Не можам доволно да нагласам колку морате да користите креми за околу очи. Другата финта е да ги користите вистинските алатки. Јас користам четка за да нанесам коректор, па потоа со прст поминувам преку него за да излезе вишокот. Топлината на прстот помага да се блендира прозиводот и го прави да изгледа повеќе како кожа.”

Ако кожата под очите ви е особено сува, Вилсон има уште еден совет: „Користете коректор со малку поретка структура. Ставете малку крема за очи, па нанесете коректор со четка во форма на превртен триаголник, со тоа што потоа морате да го размачкате убаво производот за да не биде предебел слојот. Откако ќе бидете задоволни како тоа изгледа, земете проѕирна пудра во прав и ставете еден слој за да не се брчка кожата.”

Ќе ви олесни кога ќе сфатите дека битката против црвенилото и лузните од акни е многу полесна отколку борбата со темните кругови. Правило е да земете крем или течен коректор во истата нијанса како пудрата - можете и да изберете произцод со салицилна киселина во составот - и да почнете со избор на четка. „Прстите не ви се најдобар избор за дебели текстури затоа што повеќе ќе отстраните отколку што ќе нанесете од нив,” вели Вилсон. „Секогаш прво ставам пудра, па со мала четка нанесувам коректор и завршувам со пудра во прав. Не смеете да си дозволите да ја прескокнете пудрата во прав ако сакате да се задржи коректорот.”

Сепак, не го бива само за покривање недостатоци. Тешките коректори знаат да сокријат и нееднаква кожа, и тетоважи и лузни од операции, а Вилсон ја користи на клиенти за да истакне коски кај веѓите, да среди линија на усни, па дури и како подлога за кармин за да истакне одредени бои.

Што и е најјакиот хак?

„Маскирајте нови израснати влакна додека чекате да ви дојде терминот за чупање.”

10 мај 2018 - 17:59