Гага во Џокер

Конечно добра слика.

За „Џокер“ на Тод Филипс веројатно немаше потреба од продолжение, ама што ќе ни фали, па. Особено кога Лејди Гага е Харли Квин.

Мислењата за Joker: Folie à Deux се сепак поделени - едни чекаат ремек-дело, други чекаат тешка глупост. Меѓу првите, има и такви што се надеваат дека Харли Квин е улогата што ќе ја донесе Гага до Оскар.

Нема многу информации, ама за насловот се знае дека е медицински термин за идентично или слично ментално нарушување од кое страдаат две или повеќе лица.

Улогата на Гага ќе биде поинаква инкарнација на ликот - последен пат ја играше Марго Роби со розеви и плави кики, а според фотографијата, ќе ни претстават нешто друго, очигледно.

Наводно, музиката ќе игра многу поголема улога отколку во оригиналот. Не се знае кој ќе ја работи, но краткиот тизер имаше винтиџ верзија на Cheek to Cheek, што Гага ја изведуваше со Тони Бенет.

Остатокот од екипата е, Хоакин Феникс, Зази Битз која имаше  мала но важна улога во оригиналот како опсесијата на Џокер, а се очекува да се врати и Софи Драмонд. Нови се Кетрин Кинер (од Get Out) и Брендан Глисон.

Трејлер сè уште нема, ама датум има и имаме година ипол: 4 октомври, 2024.

И нема само слики, него и партизанско видео:

5 април 2023 - 00:00