Фетишот за политичка коректност го закачи и H&M

Неколку славни личности прекинуваат соработка со H&M откако компанијата извади слика од мало црнче облечено во дуксер со натпис "Coolest Monkey in the Jungle."

„Најслаткото мајмунче во џунглата” ги боцна луѓето затоа што баш тоа, „мајмун”, долго се провлекуваше како навреда на расна и етничка основа. Не помогна ни случајноста што во истата кампања, бело машко дете носеше дуксер со натпис „експерт за преживување”.

И почнаа луѓето да се расфрлаат со „деградирачки”, „неодговорно” и „расистички”.

Компанијата поразено се извини и ја отстрани сликата, но досега веројатно треба да ни биде јасно дека луѓето се пијавици и дека нема да се откачат така лесно.

Двајца музичари, G-Eazy и The Weeknd објавија дека веќе нема да работат со H&M, длабоко навредени, иако соработката им е во полн ек.

Она што е најинтересно во целиов случај, е дека мајката на најслаткото мајмунче (џабе уште сто пати да го кажете, пак нема да биде навредливо и точка), воопшто не е потресена околу целата работа.

„Тоа е син ми. Бев на сите фото сесии и оваа не беше исклучок. Ова е само едно парче од стотиците во кои син ми позираше… Доста викате „волк, волк!” ова е непотребно. Баталете.”

И, мислите дека светот си рече „А, добро, штом МАЈКАТА НА ДЕТЕТО ВИКА ДЕКА Е ВО РЕД”?

Се разбира дека не. Светот бесен, H&M со извинување, и се така во оваа масовна хистерија со поднаслов - Немој да ме браниш, жити сè!

А како доказ дека на луѓето не им е дојдено до еден пофин свет, него само бараат причина да го извадат од себе тоа гадното, еве како се протестираше против H&M:

15 јануари 2018 - 14:08