Дали се мие коса пред фарбање?

Ако планирате да се фарбате дома, или имате закажано на фризер - со миена коса, или не?

Некои стилисти велат дека никогаш не би фарбале немиена коса затоа што бојата нема да фати, а други пак, велат дека ако оставиш малку мрсно на скалпот, се намалува шансата за иритации. И двете страни се во право, па сè се сведува на тоа што точно планирате да правите.

Ако е обично фарбање, со една боја
Избегнувајте да ја миете косата непосредно пред фарбањето. Бидејќи се нанесува директно на главата и скалпот, ако се измие главата, се мијат и сите маснотии кои се однесуваат како заштитна бариера и се намалуваат можни иритации и чешања на скалпот.

Ако се бланширате, па тонирате
Дојдете со неизмиена коса. Од суштинска важност е да биде валкана, или процесот на избелување ќе биде неподнослив, од истата причина наведена погоре.

Ако вадите прамени, или правите балајаж
Дојдете со чиста коса. За разлика од претходните два случаи, производот не се нанесува директно на скалпот, па во ред е да се измиете на денот на закажаниот фризер. Со миена коса, на фризерот му давате поглед во тоа колку ви е порасната косата и колку ви е оксидирана старата боја. Масна коса е многу потемна од чиста, а ако имате и производи на неа, како сув шампон на пример, ќе биде потешка за чешлање.

Исклучок:
Без разлика што ќе ѝ правите на косата, ако користите коректори за корен (како кармини или фломастери со кои се покрива само седиот корен на косата), најобавезно темелно измијте ја. Некои оставаат толку многу материјал што косата станува восочна и леплива дури, па ако ги оставите, седите влакна што ги покривате може и да не примат боја. Решението е барем два пати да измиете со шампон, за да бидете сигурни дека нема никакви остатоци.

14 октомври 2022 - 00:01