Истиот принцип важи за тие што прават Господ од Бијонсе, како брилијантен музички гениј. Како и професионалното борење, целиот нејзин имиџ и наративот околу нејзината кариера е само театар и внимателно оркестрирано брендирање. Луѓето паѓаат во несвест за кореографијата, текстовите и аранжманите на нејзините песни како да не најмила луѓе за сето тоа, како што прави мнозинството поп ѕвезди. Да, добро пее, но сепак, идејата дека нејзината музика е дело на единствена визија е веројатна исто колку и „расправиите“ на некои професионални борачи.
Сега ќе речете, да, ама се јавува како текстописец на повеќето, ако не и на сите песни.
Иако тоа е технички точно, разни инсајдери од музичката индустрија објаснуваат дека да се најде нејзиното име најгоре меѓу авторите е услов за кој не се преговара кога работи со текстописци, без разлика колку реално ќе вложи во пишувачкиот процес.
Таа може (и веројатно е така) да придонесе и со еден збор и да ја пишат во заслуги. Постојат и тврдења дека само додава хармонии и дека тоа некако ја става на списокот на текстописци.
Постојат и наводи дека едноставно ги откупува правата на текстовите што други ѝ ги пишуваат, со што добива право да биде запишана како автор.
Со ова на ум, некои досегашни контроверзи дека „ѝ го украле Гремито“ се особено фрустрирачки. Да претпоставиме на момент дека Греми наградите значат нешто - не е ужасна неправда што човек што сам ги напишал текстовите, бил продуцент на песните и ги отсвирел повеќето (ако не и сите) инструменти на албумот ќе победи корпоративен производ што пее туѓи текстови, танцува на туѓа кореографија и се потпира на музичари (сето ова додека дозволува јавноста да мисли дека музиката е производ само на нејзиниот труд).
И пак, ништо од ова не значи дека не треба веќе да ја сакате Бијонсе, ако мислите дека нејзината музика е фина или влегува во уво. Само мислам дека маркетингот што ја опкружува има создадено речиси дементен култ на личност што бескрајно ја става на пиедестал како една музичка божица, кога не е ни одблиску посебна како што нејзините фанови мислат дека е. Како што кажав, добро пее, а пушта други да прават сè друго, исто како Џастин Бибер, Адел и повеќето мејнстрим поп-пејачи.