Иако светот оди напред и сопрузите и татковците учествуваат еднакво во домашните обврски и обврските околу децата, сепак сведоци сме дека знаат ете, да го изнесат детето на лулашки, но да заборават млеко за сончање. Од друга страна, мајките се пакуваат за секое можно сценарио.
Во секој случај, овде не пишува како таткото е неодговорен, а мајката е врв - поентата е дека мажите и жените различно се воспитувани - жените од мали ги учат на невидлив труд, мажите не.
Бумерската генерација го има направено ова - да се расте во ‘80-те и ‘90-те значеше учење на ќерките дека можат да прават што сакаат, со стикери и постери што го рекламираа слоганот you can do anything, ги храбреа да учат и да студираат што сакаат, па како резултат на тоа, денес на медицински школи дипломираат повеќе жени од мажи во многу земји во светот.
Наспроти ова, за машките деца остана еден статус кво - растеа гледајќи како родителите им работат, но сè уште е мајката таа што ќе одговори на „Кај ми е...?“ или „Што има за ручек?“
Направени се и напори да станат мажите и жените еднакви на работно место, но напор за да се сподели менталниот товар сè уште нема. Како може да се промени тоа во иднина?
1. Родителите треба да бидат модели за споделена одговорност. Доколку таткото од горниот пример прави напор да „му текнува“, тоа ќе го гледа и синот, па автоматски ќе го копира тоа во иднина и во односите што ќе ги има понатаму.
2. Практикување на еднаквост во извршување на обврските независно од полот. Според експертите, треба да внимаваме да не паѓаме во истите стапици како до сега - не му давајте на синот да искоси трева, а ќерката да ја намести масата. Напротив, менувајте ги „улогите“ и менувајте им ги обврските на месец-два, без разлика дали кој за која ви личи.
3. Не е доволно само физички да се реши - терајте ги да планираат. На пример, ако вашето дете е одговорно за хранење на кучето, натерајте го да внимава уште колку храна има, па речете му на списокот за пазарење да додаде „храна за кучето“ кога ќе почне да снемува. Со вклучување на одговорноста за размислување и планирање на задачата, им помагате да го ценат менталниот труд што доаѓа со една обврска, или работа.
И на крај, ако девојчињата треба да имаат еднакви можности на работното место, машките треба да имаат еднакви можности значајно да придонесуваат во домот.