Би тетовирале ли „молив” на очи?

Кога ќе ставиме на вага будење нашминкана или искуството со боцкање на очни капаци, што е поважно?

Секој со своите приоритети. Има нешто привлечно во тоа да се разбудиш нашминкана, а притоа, тоа да не значи дека си била сељанка и те мрзело претходната вечер да ја извадиш шминката.

Трајна шминка постои одамна, само што, 2018-та сме, па веројатно ви е јасно колку е тоа напреднато и какви сè начини постојат.

Доминик Босави тетоври ајлајнер, и кога ќе види човек како работи, просто избледува таа језа што  се појавува во прв момент кога ќе помислиш на „игли толку блиску до окото.” Не се тоа никакви страшни игли, ниту изгледа процедурата како средновековен метод за мачење. Напротив, легнуваш ненашминкана и стануваш нашминкана - толку е едноставно. Доказ дека се работи нежно е што си бара и поправки и одново тетовирање.

Да или не?

25 јуни 2018 - 13:12