А, ова е твојот мозок на шопинг

Што всушност значи да бидеш зависен од купување?

Обично „зависноста од шопинг” е ведра тема, а толку е навлезено во поп култура што станува и доста лукративна тема - еден тон ликови по книги и филмови се симпатични и смешни само затоа што се „шопахолици”. За илустрација, филмот „Исповеди на шопахоличарка” заработи 108 милиони долари на бокс-офис, а писателката на книгата на која е базиран, Софи Кинсела од приказната има заработено 27.7 милиони фунти (околу 30 милиони евра).

Зошто? Затоа што се препознаваме. Плус шарен е, има убавки работи и трапав женски лик што е некако „како нас.” А ич не е паметно да се поистоветуваме со зависник.

Дали е стварно смешно кога две возрасни жени ќе се фатат за коса заради една марама на попуст? Океј, смешно е, ама сфаќате што е поентата.

Во неврзан муабет е супер, па вицови, па такмичења кој е поголем импулсивен купувач - само што, зависноста од шопинг е повеќе црна отколку розева. Всушнсот, се работи за компулсивно нарушување со допирни точки со други зависности како апчиња и коцкање.

27 април 2018 - 11:56