А да ви ја поклониме?

Always сега е во центар на внимание заради новата закачка меѓу феминисти и трансродови лица, откако им попушти на вториве и го отстрани „дискриминирачкиот” симбол на Венера од пакувањето.

Од декември веќе нема да го ставаат, а ова доаѓа после постојани твитови на тема „Жените не се единствени што менструираат.”

Значи. Вака.

Ама баш ниедна жена на планетава нема да рече „менструацијата да не ни ја пипате”, напротив, ќе ви ја поклони со машна, само за да не мора да се бафта со истите тие производи на кои се инсистира да не стои некакво знакче, ама - озбилно?!

Оваа одлука смирува неколку борци за политичка коректност (омилено оружје: тастатура), ама па, разбесне една мала, незначајна група, истовремено и таргет на компанијата…

ЖЕНИ.

На пример феминистката и активистка Џули Биндел, вели дека потегот сака да го „одрече постоењето на жените.”

„Сега се движиме кон тотална елиминација на женската биологија. Женскиот симбол феминистките го користат со децении. Ова е класичен кукавичлук и капитулација пред транс-агендата.”

Транс-агенда имало, бе. Колку многу сме ние неупатени.

Целата какофонија извади и легитимни коментари, од кои некои напишани лично од трансродови луѓе - дека екстремниот активизам е повеќе штетен отколку што и помага на транс-заедницата.

Транс-дечки, и тие што ги бранат, ако нешто ви значи - да можевме да ја оттуѓиме, да ви ја поклониме и да ви препишеме целосна сопственост, без можност за отповикување - задоволство ќе ни беше.

Вака... Тампон да не ви се наоѓа?

22 октомври 2019 - 11:58