14 модни ажурирања за да изгледате појако

Не мора да се следат најновите трендови, да се купуваат скапи парчиња и да се магистрира на комплицирани стајлинг-трикови. Може мислите дека не е можно да се биде фундаментално спремен како некоја од денешните икони на уличната мода, ама со малку помош од луѓе што се разбираат - може.

Координација на бои

Изберете две или три бои врз кои ќе се базира комбинацијата и после продолжете го тоа и со шминката и со додатоците. Одма е подруго.


Мешајте текстури

Измешајте различни материјали во една комбинација. Сомот, па змиски дезен, па кожа, па свила, да речеме. Пробајте неколку работи да бидат иста боја.


Збеснете со бои

Ако сакате ансамблот да добие карактер, баталете сѐ што сте научиле за тоа „кои бои одговараат“. Сите одговараат. Уште малку ќе бидеме 2022.


Комплетче

Сако и сукња, или уште поарно сако и панталони од истиот материјал, во комбинација со успешни додатоци е една многу фина работа што можете да ја направите за себе.


Блејзер и маица со апликација

Помина времето на блејзер/сако и кошула. Не мора веќе така, па може да биде забавно да се бира најзанимлива комбинација од омилена маица и блејзерот што треба да ја смири, а притоа да зрачи со ultimate street style.


Монохроматски

…Што е и дел од трендовите што нѐ чекаат за есен/зима 2022.


Јакна на рамена

Ова е стара, но успешна финта - не ја сметајте само за „јакна“, особено на вакво време кога се префрламе од топло во ладно. Не е јакна, изјава е.


Слоеви

Ова трае веќе со години и ред е веќе да се научи. Слоевите во различни комбинации ако знаеш како да ги искомбинираш обавезно го „поткреваат“ изгледот. И онака заладува.


Сменете ги чевлите

Ризично е, ама Космополитен вика, ако ви се чини дека комбинацијата бара патики - облечете штикли. Ако ве тера на чизми - нека бидат патики. Можат чуда да се случат со изгледот.


Играјте со пропорции

Огромни јакни со шорцеви, меко и структурирано, широко и тесно.


Не го ставајте целиот топ во панталони

И ова не е ново: колку помалку труд вложите во ставањето на маицата/кошулата/џемперот во панталоните/сукњата, толку подобро изгледа.


Шешир. Или капа.

Магично изгледате поспремно. Само да е добро избрано и искомбинирано.


Очила за сонце

Ако се дотерате и ви се чини дека нешто фали, големи се шансите да се тоа очила за сонце. Уште поарно ако бојата им е координирана со остатокот од вас. И полесно се ставаат на фаца од шминка, реално.


Ташната носете ја напред

Забелешка на уредник на OffCafé: Ова потекнува од улиците на Париз (како и многу други модни откритија). А во Париз се шетаат вака од една многу едноставна причина - џепчии. Ете колку може да биде јако и неочекувано потеклото на еден тренд.

28 септември 2021 - 12:43