106-годишната тату-артистка од насловната на Вог

Вог одлучи дека на нивната насловна за филипинското издание ќе ја стават Апо Ванг-Од. Има 106 години и работи тетоважи.

Живее во гратчето Бускалан на Филипините и со децении тетовира. Најмногу работи со луѓето што одат на аџилак до нејзиното село и има тетовирано илјадници.

И самата кажува дека луѓе од цел свет доаѓаат во Бускалан, а таа ќе продолжи да ги бележи со симболите на градот и нејзиното племе Калинга до крајот на својот живот. Симболите на племето значат сила, храброст и убавина.

Вог ја објави насловната на Инстаграм и во рок од три дена има скоро 300.000 лајкови.

Праксата е стара илјада години, се вика „баток“ и ќе продолжи да живее, бидејќи Апо Ванг-Од ѝ ги пренесува вештините на нејзината правнука Грејс Паликас. Грејс ги користи истите базични алатки како нејзините претци и ја има наследено и посветеноста на занаетот.

„Бев прва од децата што научи како да тетовира. Набљудував што прави таа,“ вели Грејс, која сега има 26 години, за Вог Филипини.

Трите точки што ги остава Ванг-Од ја претставуваат неа, Грејс и вториот чирак Елијанг и се елипса - означуваат отворен крај и продолжување што се проширува преку самото потекло.

4 април 2023 - 00:00