Нов маркет на Електрометал во Охрид

Големо отворање со бесплатна храна, пијалоци и -15% попуст на целиот асортиман во Електрометал во Охрид!

Оваа среда (22.07.2020) со почеток во 12:00 часот е закажано големото отворање на новиот маркет на Електрометал во Охрид. Новиот маркет се протега на површина од преку 1.000 метри квадратни и е лоциран во близина на маркетот Тамаро и фабриката Братсво, а ќе располага со преку 60.000 производи од најквалитетните светски и домашни брендови.

Како што е веќе редовна праска, отворањето ќе биде проследено со многу изненадувања за сите посетители – бесплатни Hobby Card лојални картички за сите посетители, 15% попуст на целиот асортиман и дополнителни акциски цени за одредени производи со намалување и до 40%, како и традиционално, бесплатен хот-дог, пијалоци и кафе за сите кои ќе го посетат маркетот.

„Ширењето на малопродажната мрежа е стратешка определба на Електрометал, а со отворањето на овој маркет во Охрид, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање маркети во сите градови низ Македонија и зацврстување на брендот Електрометал како водечки DIY бренд во нашата земја“ – изјави Иван Калинов, директор на малопродажба. „Асортиманот и понудата на производи во Охрид буквално кореспондираат со нашиот слоган – „Центар за Вашиот дом“ – бидејќи клиентите ќе можат да пронајдат сé што им е потребно за нивните домови. Располагаме со најголем избор на производи на пазарот и веруваме дека жителите на Охрид заслужуваат ваков вид на маркет каде ќе можат да пазарат производи од најдобрите брендови по најдобри цени во регионот“ – заврши Калинов.

Отворањето е закажано за 12:00 часот, а тимот на Електрометал ќе ги пречека жителите на Охрид и околните места со многу позитивна енергија, бесплатна храна, пијалоци и неповторливи попусти.

(Комерцијален текст)

22 јули 2020 - 08:34