Црниот Витез од новото време

Во Шенжен, Кина, почна првиот светски ММА турнир за роботи. Се натпреваруваат 32 тима од целиот свет со идентичен хуманоиден робот Т-800. Убаво ги навежбале. Раунд-кик како Чак Норис, експлозивни како Брус Ли, зајадливи како Клеј, но пред се упорни како Црниот Витез од „Монти Пајтон и Светиот грал“.

Снимката не ја открива целата приказна. Иако „Белиот орел“ му ја откина главата на „Матадорот“ во петтата рунда, битката не заврши со нокаут. Црниот победи на поени со 3-2.

 

18 јули 2026 - 16:52