Тодор Караколев - 103

Стотројка го објави „Дома“, најновиот малбум (EP) на Тодор Караколев, пејач-песнописец и продуцент кој создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика.  

Видеото за „103“ е дело на Дамјан Цветков Димитров, поранешен соработник на Канал 103, кој денес живее и работи во САД. Создадено од 3D скенирање на студиото на Стотројка, тоа има речиси архивски карактер, сведоштво за еден простор чие значење одамна ги надминало неговите ѕидови.

1 јули 2026 - 12:02