На 61 година ненадејно почина бравурозниот македонски хармоникаш Милан Завков. Има направено многу за македонската музика, компонирано преку 150 песни и ора и го водеше оркестарот на Танец. Исклучително ведар, питом и позитивен лик. Зад себе ја остави сопругата Славица и ќерките Марта и Бојана. Растегни ја горе, мајсторе, нека пука!