Римиски Масив - Компонентите репрезент

Артист: Римиски Масив
Песна: Компонентите репрезент
Албум: Aтељето на уметникот
Аудио: Марко Зад Аголот
Монтажа: Горан Симјаноски
Камера: Зад Аголот продукција
Година: 2013

Благодарност до: Зад Аголот, Shuriken records, Гоце САФ

Гочка:
Здраво младино па да го почнеме ова правилно,
ке го тркалам битов споро па цврсто брзо стабилно,
но имам едно правило,без да должам навиго,
толпа раце горе ова е хип хоп а не бачило,
Гочка ин да хаос,батали аплауз,
фрли уво овде и слушни добар саунд,
мавам фанки хаце (ау!) ко некој шмизли (чао!)
извини гочка не е геееј,(добра рима брао!)
главна компонента на Римиски западно од мисири,
знај да зборам чудно само да се збуниш ти,
(ма нема смисла океј еј ништо лошо ејјј),
(ти си комерцијала) ја пре би био геееј,
Гочка е луууд плеша стара школа кууул,
једина рима што сакам да ја стаам овде е куур,
мегју Китка и Шара,секоја цура тоа бара,
карам без шала,(плус добро иде со пиво и скара),
но јас сум добар момак (хаха ха ха хаа),
добро граден и без продуцентски стомак,
но доста за мене,па доста јаам гомна,
компонентот Гочка репрезеент последна строфа.

Фама:
Како време носи промени, години пролазни, гледано назад,
Немаше основ ни поим, дека сето вака ќе се ствара,
Памтам, тогаш само дечак несвесен за фактот,
Дека гардот спремен, веќе одбран животот, рапот е патот,
Судбина или избор, сватив не ќе кочи,
Веќе ништо, чим почнат е чинот, фамата отворил очи,
87ма, репрезент, почетни точки,
Запад школа Ѓорче, фала, оддавам вистинска почит,
Склон и посветен до последно, влезен во сршта,
Да си лојален на тоа што го збориш, и да не е прв пат,
Таква сме врста, знаеш како се вика,
Тука најдена искрена љубов, па ја враќаме ко никад,
Зад аголот, тимот од позадина,
Мојот избор и причината, да бидам спремен и да гинам,
Кинам на мајк од инат, за секој хејт тиран,
Би ратувал ти пак, но треба повеќе од срце за да играш,
Ја би ти донирал, (али) пак ќе нема смисла,
Еби орган кога нема човечност, нема суштина, гитла,
Пиздам на срањава, признавам даден е зборот,
Нервоза и тага мојот изглед, излес е алкохолот,
И нема подобро, еби закон и полиција,
Засекогаш доле, пред мајкот давам заклетва,
Моја крв и мојот брат, тандем на векот склопен пакт,
Римиски Масив став, строга улица и хард кор рап!

20 февруари 2013 - 09:30