Пред 105 години - Џанго


На денешен ден, 1910, пред 105 години, во чергарска запрежна кола некаде во Белгија е роден гитарскиот џез гениј Django Reinhardt, човекот кој во секој смисол го има оставено најбитниот траг во развојот на гитарата како солистички инструмент.

Иако инвалид уште од млад, со во пожар изгорена лева дланка на која му функционирале само два прста со кои може да свири, тој во својата кратка и експлозивна кариера има оставено преку 60 студиски албуми, на кои се базира модерниот гитаризам во светот.

Најголема можна почит и благодарност.

Тоше Поп - Симонов виа ФБ

24 јануари 2015 - 11:01