Музика и аранжман: Ѓоко Таневски - Бифо, О. Пимен
Снимање, микс и мастер: Влатко Симоновски
Вокал: Јован Симоноски
Гитара: Константин Сековски, Илија Лазевски
Бас гитара: Петар Стојчевски
Кахон: Ѓоко Таневски - Бифо
Видео: Ефтимија Јованова
Се прашуваш ли
Понекогаш скришно
Колку сум ти странец
Колку ме знаеш?
Помислуваш ли
Па макар и тајно
Колку ли време
Како љубов ми траеш?
Се сомневаш ли
Па макар и јавно
Дека за ништо јас не сум
Дека не ме бива?
Се плашиш ли
Често и пред сите
Дека место живот
Би ти понудил јас иднина сива?
А можам јас
И во рака да те држам
А можам јас
И риба да ти спржам
А тогаш јас
Од небо ѕвезда ќе симнам
А тогаш јас
Ќе сакам те љубам да чујам
А можам јас
И во рака да те држам
Ко капка вода на дланка да си.
А можам јас
И риба да ти спржам
Во тава зејтин
Само речи ми ти ај
баш ќе ми е ќејф
А тогаш јас
Од небо ѕвезда ќе симнам
Ќе строшам ако треба и Млечен Пат
А тогаш јас
Ќе сакам те љубам да чујам
Барем трипати дневно
Па макар и чат-пат.