Ново од Дани - Свети

Можеш ти да светиш
како сонце, како ѕвезда
свети со сета твоја сила

Ќе те молат да им дадеш пат
дел од својот шарм,
да мислиш дека сакан си, што СИ

Години, години ќе бидеш храна
за алчните умови во концепти што живеат,
во страв, нив да не ги снема

За тебе јас ќе се борам, да те заштитам
душата во с'рж ја познавам,
те познавам

Свети свети најсилно
свети како животот
слободен под небото
роден за радост

Свети свети најсилно
отпорен на сето зло
брзо учи, научи
колку ти вреди животот

Не се фрлај себе си
давај се на оној кој што знае
со љубов да те прими

Не го ставај срцето под нож
на некој што е лош
мислејќи дека сите се добри

Години, години ќе бараш да разбереш
што е со човекот на овој свет што живее
без грам сочувство и верба

Јас ќе сторам се' да спознаеш
што е вистина да дознаеш
да дознаеш

Свети свети најсилно
свети како животот
слободен под небото
роден за радост

Свети свети најсилно
отпорен на сето зло
брзо учи, научи
колку ти вреди животот

Свети свети свети...

/роден си да светиш
ти си роден да светиш/

Свети како сонце
свети свети свети!!!

Ти си роден да светиш
роден си да светиш!

Ти си роден да светиш
ти си роден да светиш
свети како сонце
како небо
како живот
како Бог!

СВЕТИ - Дани

музика и текст - В.Малинова Бабамова
аранжер и продуцент - Кирил Бабамов
снимање, миксање и мастеринг - XL студио Момироски

свиреа:

тапани - Глигор Динев - Гишо
бас - Марио Станковиќ
гитари - Васко Прочков
клавијатури - Бранко Сапламаев
придружен вокал - В.М.Бабамова

26 декември 2014 - 14:10