Среде соба високо
светилка со мрак за врат се граби,
враг од досада до дно
пие празнина од ладна чаша
Изгладнет крадец в пустина
вдлабен в безмислие вратот го сокрива -
ќе ти ја украде насмевката.
Воин со око стаклено
со она другото те гледа накриво -
ќе ти ја украде насмевката.
Некогаш, понатаму
како браќа можеби
ќе се прашаме
зар ни беше подобро
кога бевме едно но не и исти?!
Сокриј ги лажните воздишки
можеби подоцна да ти се посреќи!
кој ти ја украде насмевката?
Твоите ненавидими не се од плот
за да им напакости!
Кој ти ја украде насмевката?
Добредојде на ѓубриштето
Новата Геена му е името!
Кој ти ја украде насмевката?
Добре дојде стара госпоѓо,
за некој мајко за други пак маќео!
Кој ти ја украде насмевката?
Среде соба високо
светилка со мрак за врат се граби,
враг од досада до дно
пие празнина од полна чаша.