Македонски дијалекти завиткани во Баклава

Сибо (Баклава) го има напишано текстот на кукушки дијалект, посветен на Бежанците, кукушани што пребегаа во струмичко, од кадешто потекнува Елена (Баклава) чија е музиката. Веројатно еден од последните современи текстови на овој дијалект:

Пендолира

И небуто кут дај доле опули го, со белите дулбени
а зем’нта кут дај ж’лта пендолира со срма извезена.
Севдалија да сум, да се стора босиљо, на вашите појаси
мирис да растурам, полевајте ме с’роса, не ми зејте душата.

И небуто кут дај блиско ду зем’нта, со чупите кукушки
убо носат, фустаните, оро шират, на ветеро шиблика
Севдалија да сум, да се стора босиљо, на вашите појаси
мирис да растурам, полевајте ме с’роса, не ми зејте душата.

А навечер, си заспувет Кукушанки, во свила и коприна
месечин’та на с’лнцето е прелика, oд сенка фустан крои
А небуто црно, грозје лисечина со чапрази сребрени
наутро с’роса, а навечер со с’лзи, полевајте ви мене

Полевајте ви мене, не ми зејте душата…

******************

Една порано напишана (музика: Елена, текст: Сибо), на солунски дијалект:

Пилето

Ој мој пиле ле, лепо пиле биљбиље
аргафан, море, тр’ндафиљ, ќе меришеш пиле ти.
Карaфиљ имам капали, зимбили, море, алаџи
не можи, море, лудо ле, јаска не пеам за тебе.

Ој мој пиле ле, сванош сеш на пенџеро
елај си, море, при мене, дворјата ми се за тебе.
Дерови имам големи, и широка мој, ледина
ним’ дарвај ме лудо ле, рамни дворови мраморни.

Ој мој пиле ле, везден литај за мене
ќе ти дарвам небето, до дек ти пулат очите.
Ќе литна лудо, ќе литна, ќе литна со кумрии
јаска не сака лудо ле, да лита, лудо, за тебе.

****************

Имаат и на пирински:

Змеј Горјанин

Мома амајлија
алтан белегзија
низ гора пејала
Сл`нце си сакала
Заптисал е голем јунак
девет друми три клисури
грабил јунак лична мома
да ја има за невеста
Слобода…

Гора без ветрови
Сл`нце без светлина
прстен над прстена
мома не сакала
Запеала таа мома
запеала провикнала
по змејко е заплакала
да ја спаси сардисана

Подунал е ветер горјанино
долета ми змејко од небето
Лична мома змеј љубила
Змеј Горјанин ми засакала

Подунал е тии ветер
па си дигна таа мома
извиши ја в сино небо
над небето и Сл`нцето
Сл`нцето…

Подунал е ветер горјанино
Долета ми змејко од небето

20 април 2021 - 13:59