Добредојдени сте на слушачка промоција на седмата албумска објава на Крсте Роџевски.
Дванаесет нови песни. Во отскриена, сува, наивна форма. Најубавата. Снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат овде.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки...). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.
Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.