Албумот има 12 авторски песни, продуцент е Лука Кантарџиев а мастер-траките ги сработи Владимир Аговски - Аго. Парче од новата торта на Доуп Куќата беше веќе достапно за публиката („GARPED“) а денес излезе и „ОК сум со тоа“. Слушачката промоцијата на новиот албум, „SUPERGRUB BOiBAND“, е закажана за утре (сабота) во Излет Кафе од 21 часот.