Да Џака Накот - Сништа

Талкам од место до место по совршениот бит
во песоците на времето ова само е миг
секаде истовремено-во сечиј лик
слика ко Доријан Греј-во рапов вечно жив
нема последен здив за формата што сум сега
разликата меѓу смеа и грандиозна идеја
без комплекс Господ, како светци од Бостон
во името божјо-те праќам на одмор
да е до мене на планетава би фрлил планета
Меланхолија со нула би ве помножил клета
сатисфакција во уништување убави нешта
ви носам оган во животот со пламен од свеќа
скелет во плакарот ко Поп што силува деца
блокирано сеќавање на ужасни нешта
на 6 години скалпер си зарив во левото око
од тој ден со него во луѓето го гледам злото!

Во секој од нас демон се рани со страв
Ѓаволот чучи на рамото-братот е крвник на брат
Пандемски пропорции во семејни порции
неколку борци наспротив милион ќорци
имаат плашт од Национализам и Црква
би ги обесил со нивните црева-да цркнат
би ги давел во кофа како несреќна случка
шило во Големото Уво-што сака да слуша
зли јазици ќе заковам на ѕид ко пијавици
болниот ум со крв пишува страници
прочистувам со оган-црна точка во светло
барам две жолти минути да го исчистам сметот
а ве сакам сите љубов што боли до солзи
градам храм на срам во подземни катакомби
од нивните коски-за да ѕвонат во off beat
што направија од поет-да станам јас москри!

 

1 ноември 2013 - 13:14