8-мартовски „Маљчики“ во МНТ

Икона на југословенскиот нов бран, некогашниот фронтмен на „Идоли“ со кои го сними „Одбрана и последни денови“ - според Ролинг Стоун најдобриот и највлијателниот албум на просторите на бивша Југославија. Kaко солист неколку години по ред ги частеше Белграѓани со осмомартовски концерти за дамите.

На прерано заминатиот Влада Дивљан сега му се оддолжуваат неговите македонски пријатели. Со трибјут концерт, токму на 8 март (петок), во Македонскиот народен театар, во 20 часот.

Не ви откриваме кој точно стои зад бендот ОГО и Градски оркестар со делумна одговорност, но можеби некого ќе препознаете на цртежот на маестро Тхе Мичо.

РАЗ-ДВА-ТРИ МАЉЧИКИИИ!

ФБ настан тука

4 март 2019 - 11:27