Гино де Гаги и нивните страсти „Живеам умирам“ 0:00
Архангел „Исус“ 2:49
Гино де Гаги и нивните страсти „Тагоре“ 5:21
Архангел "Never Talking To You Again" 8:03
Suns „Зборувам?“ 11:10
Moons "My Friend He Was The Raven" 17:16
The Hip "Brainstorm" 22:02
Nora "Children Of God" 27:00
Green Grass Dreams "Tomorow Never Knows" 34:20
Cyborg "Kerozene" 39:36
Don't! Who? One. "Rock'n'roll Session" 45:21
Seth „Отпишаните“ 49:36
Sors "Submission" 54:02 Излез 59:02
Излез 59:02
****************
Син ми Дејан Аргировски (1968-1994) е роден во Куманово, а во музичките бранувања навлезе кога се преселивме во населбата Аеродром во Скопје. Тука уште од детството најмногу се дружеше со музичката младина од новата населба, меѓу кои беа Ице Ставрев и Ристо Вртев, а потоа и со Илија Пејовски, Миле Брзанов и други. Поради надарениот слух, другарите му го дадоа прекарот Ушко. За неговото музичко творештво повеќе факти се објавени во првата македонска рок-енциклопедија што ја подготви Тошо Филиповски.
Музичката кариера на Дејан започна многу рано. Често на синтисајзер и гитара свиреше стари револуционерни народни македонски песни и македонската државна химна. Кон крајот на 1983 година, кога наполни 15 години, заедно со Марјан Бојаџиев (синтисајзер) и Драган Гиновски-Гино (гитара) го формираа електро-поп триото „Гино де Гаги и нивните страсти“.Дејан ја конципираше и ја водеше во живо емисијата „Револвер“. Тој беше еден од најагилните промотори на нова музика во Канал 103, паралелно пишувајќи за новиот музички бран и во музичкиот магазин „Тротоар“.
На негови 26 години му беше откриена Кронова болест на тенкото црево. Оперативниот зафат беше успешен, но по тримесечно закрепнување му се појави опасна жолтица, која беше причина и за неговата ненадејна смрт.