Редици на понижените

Еден од граѓаните беше револтиран од чекањето бидејќи, како што рече, дошол уште утрото во 7:40 часот, а сè уште не беше влезен и по повеќе од пет часа чекање. Другите што чекаа околу него, исто така револтирани и премрзнати, велеа дека мора да стојат тука бидејќи телефонски или не можат да добијат и да закажат термин или, пак, добиваат термини дури за шест-седум месеци отсега, иако рокот за замена на документите истекува за само два месеца. (360 степени)

**********

Хаос на шалтерите за подигнување лични документи, во ред се чека од 5 часот наутро до затворање на пунктот (Алфа ТВ)

**********

Граѓаните се обврзани да ги сменат документите до февруари годинава. Од МВР се децидни дека ги преземале сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи. (Сител)

**********

 

 

4 јануари 2024 - 10:45