Купувај поскапо (Едит: со демант)
*********
Драги Офф нетовци.
Многу ми е жал што Ве воведов во непријатна ситуација. А уште повеќе ми е жал што не ги чувам фискалните сметки.
Како долгогодишен пијач на Бучен Козјак јогурт, одговорно тврдам дека цената пред 3-4 дена беше пониска, т.е. 46 денари. Од кога беше ставен како домашен производ цената на рафтот се промени на 51 денар. Дали на каса била различна не знам зошто не го купив производот. Ама одговорно тврдам дека како на видеото врз цената од 46 беше ставено 51. Ниту е тенденциозно видеото нит наместено. И btw на ниедно место во маркетот нема знак дека е забрането фотографирање или снимање.
Уште еднаш се извинувам за тоа што Ве вовлеков во ваква ситуација.
Поздрав,
Мартин Денковски