Ај тоа, башка. Друго нешто е феноменолошки занимливо. Тоа што нејзината „анализа“ ја завршува со приглуп обид ужасниот крвав злостор да го поврзе со нечија политичка афилијација, во случајов со онаа на Палчо и таа багра околу него.
Па ќе пише:
„престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за "никогаш Северна", зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење... Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад "Големиот" патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал“.
Како бе така? Сето тоа на луѓето автоматски ќе им се огади затоа што Палчо мавтал со тие работи?
На луѓето им се огади Библијата затоа што на неа се повикуваше лудакот кој уби 9 луѓе во Чарлстон? Или им се огади музиката затоа што норвешкиот психопат Брејвик посветено слушал музика? Или требаше да ја палат „Ловец во р'жта“ на Селинџер затоа што кретенот Чепмен кој го уби Ленон бил опседнат со неа? Или пак треба да веруваме дека Земјата е рамна само затоа што Хитлер мислел дека е тркалезна?
Оти па, драга Фроске, ич срам нема да ги фати оние луѓе кои се социјал-демократски ориентирани, кога ќе видат во чие друштво задоволно се смешкале нивните идеи.