Дефундирајте го македонското судство
Кривичниот суд во Скопје вчера ја изрече пресудата за сообраќајната незгода кај Млечениот ресторан во Скопје во октомври 2018 година, во која животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничка доби тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов.
Образложението на судијката Елена Јосифовиќ за ваквата пресуда било дека возачот на џипот ја признал вината и пред судот не се бранел дека е невин.