ПИН број 11

ПИН конференцијата упорно и инаетџиски останува една од сè поретките наши врски со нормалниот свет. На 28-ми ноември започнува 11-тата ПИН конференција чија континуитет не успеа да го прекине ни пандемијата. Базата е во МКЦ, куп свирки (преку 50), настани и панел муабети. 

Артисти - овде

Програма - овде

Панели - овде

Во МК не постои агенција со лиценца (издава мин. за кул) да ги застапува правата на продуцентите и изведувачите. Кај нас знаеме само за ЗАМП!?  Каде се колективните права или можеби правата од аудио-видеограми, кој ги штити ?? На пример: Хрватска од колективните собира 5 милиона евра, а една Словенија од аудио видео истиот број..???

Ние/вие, имаме една традиционална нула (со бројка: 0). Знаеме ли колку сме загубиле за 33 години, има ли шанса да мрднеме од нула?  Иницијаторите за ре-старт на оваа колективна организација ќе седнат заедно со странски представници да го пробиеме патот... Дојдете да знаете кои се вашите/наши права како продуценти, изведувачи

THE LONGEST ROAD FROM RIGHTS TO MONEY

Прати песна (стара,нова) и добиj видео (бесплатно)
ПРАТИ ПЕСНА И ДОБИЈ ВИДЕО

Пријавете се за некој Networking Session - Хеми (од 9 држави, промотери, артисти, експорт бироа ќе ве пречекаат на чај) или за да ги запознаете колегите од Балканот

MEET THE HEMI WORLD

MEET THE BALKAN

Знаете ли колку можности спијат во синхронизационите права (реклами, филмови, игрици) - Сте пробале ли некогаш да ја дадете својата музика на некоја агенција, знаете ли како, каде, знаете ли дека има изведувачи кои креираат музика и живеат само од ова?

GET YOUR SHIT TOGETHER!

Пријавете се за менторинг сесија. Тоа не се психијатри, тоа се професионалци кои можат да ви дадат само насока или типс, како да направиш настан, најдеш издавач, менаџер, спонзор.... Пријави се, лимитирано е, има две менторинг избери која сакаш или пријави се за двете

FROM CONCEPT TO SUCCESS

FROM ZERO TO HERO

Ја претставуваме новата фабрика за плочи, ќе биде во комшилук од јануари 2025-та. Дојди, чекирај услови, можности, до газот ни е сега
FINALLY, NEW VINYL FACTORY IN THE BALKANS

Дигитална дистрибуција - презентација како никогаш, доага цел Believe да ни нацрта кој е најдобриот пат. Сам, со друг, како до повеќе монетизација, пари, се што не знаеш, дојди и прашај.... не се наплаќа!
YOUR PORTAL INTO THE DIGITAL WORLD

Сте чуле за Chemical Brothers, па слушнете го агентот нивни да го раскаже својот животен пат работејќи со изведувачи од Primal Scream do Chemical Brothers.
KEYNOTE SESSION: ALEX NIGHTINGALE

Да го испочитуваме ГОТРА, најскромната македонската вистинска легенда. Знаете дека ја правел музиката за Before the Rain, Anastasia, Mizar, Падот на византија, музика за над 90 представи...Тоше напиша книга за него, а се надевам ќе издаде уште 100 книги.
GOTRA - BOOK PROMOTION

Настапуваат 55 артисти (просек 250 музичари), од Мали до Буркина Фасо, преку Летонија до Јапонија и назад во Македонија. Ни доаѓаат над 400 делегати и треба само да дојдете, да се измешате и да скршите некој збор. Конекциите се богатство. Проверете ги и останатите 20тина панели од кои три убави думи да чуете, ќе излезете помотивирани.

Ве охрабруваме уште еднаш да се регистрирате на следниот линк за РЕГИСТРАЦИЈА и да бидете дел од приказната.

Не знаете каде чашка кафе или празен муабет, може да ве однесе и отвори нова конекција, инспирација или соработка. Вашето учество е од суштинско значење за помрднување на музичката и културната сцена во Македонија. Да размислуваме и профункционираме малку подалеку од Табановце и Деве Баир, тоа е улогата на културата.

Ако немаме свест и знаење и Скопје 2028-ма ќе биде само уште еден споменик на културата. Се надевам не надгробен.

Ако може да помогнеме, слободно контактирајте нèе.

Пин не е државен проект, не е ни одличен проект, али е еден момент кој веруваме дека не одмага.

Хејт има секаде, на ПИН има само позитивна енергија, донесете ја и вашата.

 

24 ноември 2024 - 11:19