Do The Right Thing (Skopje edition)

На 14 февруари на наше големо задоволство, МКЦ и Funky Fresh го најавуваат Скопското издание на Do The Right Thing, забава која се оддржува во Амстердам, Лондон, а од 2017 и во Скопје!

Главни звезди на вечерта ќе бидат легендите на латино хип-хопот, супер продуцентското дуо од Квинс, Њујорк - The Beatnuts. Тие, како дел од европската турнеја, ќе се претстават со целосен концертен настап, прв пред македонската публика!

Домаќин на вечерта ќе биде уште една легенда на хип-хопот, нам добро познатиот Jeru The Damaja од Бруклин, Њујорк.

На грамофоните - холандската ДЈ легенда Rob Manga од Амстердам,еден од креаторите на Do The Right Thing, и Funky Fresh резидентите Гоце (С.А.Ф.) и Чваре.

Почеток во 21:00ч. Влезници на билетарата на МКЦ и во продажната мрежа на Мктикетс по цена од 200 денари во претпродажба и 300 денари на денот на настанот.

Do the right thing!

Повеќе околу настанот имате на Фејсбук

(комерцијален текст)

9 февруари 2017 - 15:58