Димитар Кондовски, ретроспективно

30 години по неговата последна средба со македонската културна јавност, Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам.

 

Димитар Кондовски (1927-1993) е уметник со исклучителен творечки опус кој е еден од камен-темелниците врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност.

Ретроспективната изложба ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност.

Ваквиот методолошки приод овозможува увид во сложениот сплет од влијанија, идејно-естетски тенденции и авторски преокупации на уметникот.

повеќе

********

Види на Оффнет и:

Димитар Кондовски за Скопје:
Не е до зградите, до сељаштвото е.

5 мај 2022 - 11:52