- Уште пред 35 години напишав дека тогашнииот Хамас, нова организација покрај ПЛО-то на Арафат и Фатах, всушност е проект смислен во САД, со помош на Мосад и финансиска поддршка од Ријад.
- Во кобајаги сериозниот процес на решавање на „палестинското прашање“, секогаш кога ќе се стекнеа услови за преговори за две независни држави, Израел и Палестина (на основа на Резолуцијата на ОН уште од 1948-ма), тој терористички Хамас ќе лансираше неколку мали антиградни ракети на Израел и со тоа ќе им дадеше за право на „големите“ да кажат: „Не можеме да продолжиме со преговори со оние кои се терористи.“ И така е од '88 до денес.
- Вака или онака, Газа ќе биде илустрација на победата на Нетанјаху и интересите кои махерски ги сервисира. Газа, и да не биде „пуст остров“ како што вети Нетанјаху, со големи чекори ќе навлезе во тажна историја. Ако може да биде потажна од оваа до сега.
- Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
- Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
- Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
- „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.
- Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
- „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
- Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
- „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.