„Во Украина на бојното поле се убиени 55.000 војници, без разлика дали се професионални или мобилизирани. Уште голем број луѓе Украина ги смета за исчезнати“, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за Франс 2.
Зеленски лани спроти третата годишнина од војната изјави за NBC дека на бојното поле загинале повеќе од 46.000 украински војници.
Според Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, бројот на убиени украински војници е многу повисок - помеѓу 100.000 и 140.000, плус уште околу 400.000 ранети и исчезнати. Руските човечки загуби, според центарот се 325.000 загинати и уште околу 900.000 ранети или исчезнати.
Зеленски за Франс 2 оцени дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши само од Трамп. „Ако Трамп открие дека Путин му се плаши, тој нема да ги прифати сите услови што му ги поставува рускиот претседател“.
Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега.