Пет километри од автопатот „Пријателство“ (Петровец- Катланово), се реконстурираат речиси три години. Градежните работи почнаа во септември 2020та, а се очекува да завршат во јули идната година. Работници и механизација нема повеќе од половина година.
Застојот е затоа што го раскинале договорот со претходната градежна компанија (познавачи велат дека можеле да ја натераат да работи под пенали ама треба ли и новиот директор да склучи некоја зделка? - н.з.). Во тек е оглас за избор на нова фирма.
Додека се чека да заврши реконструкцијата на петте километри кај Катланово, на другиот дел од државата веќе осум години се гради делницата Кичево – Охрид.
Откако решија да го носат во Охрид со кола, на итна обнова на патната мрежа во земјава неодамна повика и нобеловецот Пол Кругман.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.