Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Војаџер стаса еден светлосен ден далеку од Земјата

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Војаџер 1“ на НАСА денеска стана првото вселенско летало од Земјата што се оддалечило 1 светлосен ден од планетата.
  • Сондата лансирана во 1977 година сега е во меѓуѕвездениот простор, на далечина од околу 26 милијарди километри – растојанието што светлината го поминува за точно еден ден.
  • Сега се оддалечува со брзина од 61.000 километри на час. Постојано испраќа информации за космички зрачења, бранови на плазма и јачина на магнетното поле.
  • За да стигне до таа далечина, човек треба да пешачи 612.000 години. На патнички авион му требаат 3.340 години, а на куршум истрелан од снајперска пушка 821 година.
  • Војаџер патува кон ѕвездата Gliese 445, во соѕвездието Мала Мечка, која е оддалечена 17 светлосни години. Со оваа брзина, би требало да стаса за 40.000 години. 
  • Ѕвездата Проксима Кентаури, која е најблизу до Сонцето, е оддалечена 4,24 светлосни години, односно 1.550 светлосни денови. Андромеда – галаксијата која е најблизу до Млечниот Пат, е далеку 2,5 милиони светлосни години.
извор

Waymo ги повлече сите роботаксија од автопати низ САД

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Компанијата за такси превоз со возила без шофер Waymo ги повлече сите роботаксија од автопатите низ САД, откако Калифорнија ги забрани на својата територија како „непосредна опасност за јавната безбедност“.
  • Причината се неколку сообраќајни несреќи предизвикани од роботаксијата. На делница од автопатот „101“ навлегле во активна градежна зона, каде што биле имало работници и механизација.
  • Пред една недела роботакси на Waymo се обидувало да ги престигне патролните возила што намерно го забавувале сообраќајот на автопатот кај Сан Франциско.
  • Waymo управува со такси-возила без возач во 15 градови во САД, но услуги по автопат нудеше само во Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами, Феникс и Остин.
  • Компанијата тврди дека нејзините автономни автомобили учествуваат во 95% помалку сообраќајни несреќи со сериозни повреди, во споредба со таксите управувани од луѓе.
извор

Падна и системот на НСА

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • По прекините во авиосообраќајот и банките низ САД поради „технички дефекти“, вчера падна и внатрешната мрежа NSANet на Агенцијата за национална безбедност, преку која агентите за пресретнување комуникации разменуваат најстрого доверливи информации за надгледувани и прислушувани лица.
  • НСА синоќа ги затворила канцелариите за повеќето вработени, пропуштајќи само персонал кој е основен за функционирањето, додека се работи на враќање на мрежата.
  • Агенцијата категорично тврди дека прекинот не е предизвикан од надворешен кибернетски или хакерски напад, туку дошло до „привремено влошување на перформансите за време на планирано, рутинско одржување“.
  • „Иако беа зафатени одредени внатрешни системи, капацитетите клучни за извршување на мисиите остануваат целосно функционални и нашата способност за заштита на националната безбедност продолжува. Инфраструктурата на НСА е дизајнирана со повеќе нивоа со цел да се одржи функционалноста при планирани одржувања или неочекувани настани“, соопшти НСА.
  • Секретарот за внатрешна безбедност Марквејн Малин изјави дека неодамнешните прекини во функционирањето на системите во САД се поврзани со вградување на алатки со вештачка интелигенција. „Системите не се дизајнирани за брзината со која денес работи ВИ. Тоа создава преоптоварување и домино-ефект. Кога ќе промените еден елемент во куќата, треба да се сменат и сите останати делови“, изјави Малин.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
3

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
4

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

7

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

8

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
4

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

5

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
6

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

7

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
8

Падна и системот на НСА

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Филмски рецензии

Царот се вика Миле и живее на трети

Во Брисел е јасно кој е за каде

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy