- Не е добиен томосот но е направен голем исчекор кон добивање, уверува министерката за одбрана.
- Министерот за полиција сака да го искаже својот впечаток: на сослужувањето присуствувал со голем пиетет.
- Свое мислење за канонското единство преку Фејсбук искажа и Бујар Османи.
- Фајненшел тајмс пишува дека иранското водство разгледува начини како да го подигне влогот во конфликтот со САД доколку тоа биде потребно.
- Двајца инсаjдери од од иранскиот режим потврдиле дека иранските вооружени сили веќе ја процениле можноста за напад врз американски воени цели во земјите во југоисточна Европа, доколку Трамп се реши за заострување на односите.
- Една од нив е Бугарија која минатиот месец одобри користење на својата воздухопловна база Безмер за американски танкерски авиони.
- Втора потенцијална мета за одмазда е Кипар, каде седиште има британска воена база која во март беше цел на напад со беспилотни летала.
- Не ја погоди целта во американско-британската воената база Диего Гарсиа во Индискиот океан, но иранска ракета во февруари демонстрираше дека може да лета 4.000 километри.
- На оние што пешки или со точак шпартаат по шумски и планински патеки каде што нема интернет или достапен мобилен сигнал, апликацијата може да им биде доста корисна.
- Таа комбинира детални мапи, планирање рути, ГПС навигација и следење на активностите, додека ја прикажува моменталната позиција директно на мапата, и сето тоа може да работи офлајн.
- Планерот прави разлика помеѓу повеќе начини на патување, па за возење велосипед можете да изберете помеѓу туристичко, планинско и друмско возење, додека пешачките рути може да се прилагодат за да им се даде приоритет на планинарските патеки.
- За планираните рути се прикажуваат растојанието, проценетото времетраење и висинскиот профил, за да можете да процените колку е тешка избраната рута.