„Работната група сè уште нема излезено со предлог. Во однос на функционерските плати треба да се менуваат седум закони, при што кај дел од функционерите постојат законски одредби дека не може да се намалува платата“, рекол Ковачевски.
Сител проценува дека со ваков став платите нема да им се намалат на речиси 800 од вкупно 1.060 избрани и именувани функционери.
Британскиот премиер Кир Стармер се реши на битка за политички опстанок, откако неколкумина министри во неговата влада и 80 лабуристички пратеници го повикаа да поднесе оставка поради одговорност за рекордно нискиот рејтинг на партијата и еден од најкатастрофалните порази на локалните избори пред неколку дена.
Шест клучни министри од кабинетот на Стармер потврдиле за Телеграф дека на денешниот состанок на владиниот кабинет ќе побараат оставка од премиерот. Тој, сепак, не им дал збор и ги кажал сопствените аргументи зошто треба да остане на функцијата.
„Изминатите 48 часа беа дестабилизирачки за владата и тоа има реална економска цена за нашата земја и за семејствата. Земјата очекува од нас да продолжиме со управувањето. Тоа е она што го правам и она што мора да го направиме како кабинет“, им изјавил Стармер на министрите.
Стармер истакнал и дека во партијата се уште не е покренат официјален потег за избор на нов лидер, што во британскиот систем значи и нов премиер.
Премиерската позиција на Стармер е безбедна сè додека 81 пратеник од Лабуристичката партија официјално не предложат нов лидер на партијата. Министерот за здравство Вес Стритинг наводно веќе има таква поддршка, но се воздржува да ја предизвика лидерската позиција на Стармер.
На крајот на јуни во Грција на сила ќе стапи нов пакет мерки поврзани со туризмот и градењето кои надлежната министертка за туризам ги претстави како историски.
Правилата за градење ќе бидат далеку построги од сега, особено за масовно посетуваните острови како Родос, Миконос, Санторини... Новите хотели таму не ќе можат да имаат повеќе од 100 кревети.
Нови хотели надвор од официјалните градежни области ќе бидат дозволени само на големи имоти. Во зависност од регионот, ќе мора да се има површина од најмалку осум до 16 хектари.
Се забранува градба поблиску од 25 метри до морето.