Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Тина Тарнер почина на 83 години

24 мај 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Долговечната Тарнер почина во својот дом во Швајцарија, по долготрајни проблеми со здравјето (рак, инфаркт, откажување на бубрезите).
  • Ја откри и ја обликуваше Ајк Тарнер, но откако го остави проблематичниот и насилен сопруг, направи уште поголема кариера.
  • Последните години имаше лични трагедии кога во 2018 се самоуби нејзиниот син Крег, а во 2022 почина другиот син Рони (од бракот со Ајк).
  • Телма ја прогласи за кралица на рок енд ролот. Ок.

Одвојте 9 минути да видите еден нејзин ѕверски настап на Вембли со „Proud Marry“:

 

 

извор

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг ќе одржат трилатерален самит идната недела во кинескиот град Шенжен, на маргините на собирот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).
  • Лидерите на САД, Русија и Кина ќе разговараат за нов договор за нуклеарно разоружување. Белата куќа најави дека Трамп ќе го отвори прашањето за нуклеарната закана од Иран.
  • Војната во Украина нема да биде на дневниот ред.
  • Последниот договор за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје на САД и Русија - „Нов СТАРТ“ - истече во февруари. Трамп бара нов договор во кој ќе биде вклучена и Кина.
  • „Не очекуваме никаков конкретен договор. Целта на средбата е да се подготви терен за разговори на ниво на шефови на држави“, објави Белата куќа.
  • Пред трилатералниот самит, планиран е работен ручек на Трамп со Си. Според извори на Ројтерс, Илон Маск ќе го придружува Трамп во Кина, но нема да учествува на разговорите со Си и Путин.
извор

Технички дефект ги парализираше сите авионски летови во САД

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во период од околу четири часа вчера беа откажани сите авионски летови на територијата на САД. Ова е најдолгото општо приземјување на авиони по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
  • Забраната за летови траела од 15.54 до 20.15 часот според локално време. Во тој период, според FlightAware, биле откажани повеќе од 8.500 летови и уште 8.000 биле одложени, вклучувајќи и меѓународни.
  • Министерот за транспорт Шон Дафи изјави дека бил преоптоварен постариот систем за комуникација во контролата на летање. „Станува збор за аналогна телекомуникациска опрема. Нашите централи и рутери всушност беа преоптоварени со податоци, па престанаа да работат“, рече Дафи. Според него, на системот му е потребна целосна реконструкција, со проценет трошок од 50 милијарди долари.
  • Секретарот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин изјави дека нема „апсолутно никакви докази“ дека прекинот бил предизвикан од кибернетски напад. Отфрли и поврзаност со глобалниот прекин во работата на апликации на Микрософт, кој почна во четвртокот.
  • Надминувањето на техничкиот дефект ќе предизвикува повремени застои во авионскиот сообраќај уште неколку дена.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
3

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
4

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

5

Волк на скромна македонска софра

Разно
6

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
7

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
8

Потопување Мисици

Балканштина
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
3

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

4

Хегсет му даде медал на војникот кој го укори

5

Русија бара Финска да замине од НАТО

6

Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Бизнис
7

Министерството за вистина на Ентони Албанезе

Мислења
8

Макрон спремил бункер за бегство од Елисејската палата

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Имам култура во мокраќата!

Виршло моја, прејди на друг

Гревот на љубовта

Како на некои Британци им тргна во животот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy