- По 15 години Туркменистан доби нов претседател по име Сердар Бердимухамедов, син на довчерашниот претседател Гурбангули Бердимухамедов.
- Станува збор за најнеизвесните избори во Туркменистан од осамостојувањето на земјата, во кои Сердар победил со неполни 73% од гласовите, а неговиот главен конкурент освоил 11%.
- Најслабиот резултат на татко му е 89,2% од гласовите (на првите избори), а на последните Гурбангули освојува 97% од гласовите.
- Минатиот месец Гурбангули објави дека се повлекува и дека државата ја остава на помладите.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.