Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Снимка од „кој кого нападна“ на Кардиохирургија

9 октомври 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Инцидентот помеѓу кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски кој Клиниката за кардиохирургија го пријави во полиција, најверојатно не бил само вербален како што тврдеа од Клиниката, а подоцна и д-р Јовев, сугерираат снимки од безбедносните камери кои ги објави А1Он.

  • „Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката)“, информираше Министерството за внатрешни работи.

  • Кардиохирургот Сашко Јовев во јуни годинава беше разрешен од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Во првичното образложение за таквата одлука, министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека „повеќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или десет години и немаат никаков резултат“, но подоцна откри дека Јовев бил разрешен откако по направена инспекција на Кардиохирургија биле констатирани големи злоупотреби.

 

извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Стари, што беше бе тоа?

Видео
2

Демек мангуп а?

Фудбал
3

Запрете ја вештачката интелигенција!

Видео
4

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Разно
5

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
6

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
7

Јако мување

Балканштина
8

Антиќ: На Тони Паркер не му дадоа сепаре, на нас Македонците ни дадоа

Кошарка
1

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
2

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
3

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

4

Милиони хакерски напади врз интернет

5

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Свет
6

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
7

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Свет
8

И Европа размислува за директни преговори со Путин

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што е тоа што една фотографија ја прави незаборавна?

Најдолгиот пат

Непристојна понуда

Што би ѝ пишал Спрингстин на Мајли?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy