- Кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците наречен КАТО систем, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување.
- По само шест месеци откако е набавен овој систем, во 2017 година, новиот директор Нино Васев го исфрлил од употреба.
- Иако 20 медицински сестри минале обука за користење на системот, Нино Васев го размонтирал системот и најавил дека ќе го користат стариот начин на работа, за да заштеделе на ќеси.
- Сака да ѝ стави ново име на вештачката интелигенција.
- „Многу луѓе мислат дека зборовите „Вештачка интелигенција“ се неточни и многу нејасни во однос на ВИ односно вештачката интелигенција“, напиша Трамп.
- Понуди гласање за три негови предлози: Супериорна интелигенција, Екстремна интелигенција или Врховна интелигенција.
- Во моментов води Супериорна.
- Еден му има пишано: „Нè заболе бе за ова, прекини ги војните и врати го бензиот на два долара за галон“.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.