Под псевдоним Перо, поранешниот генерален секретар на Владата местел тендери со договарање преку електронска комуникација, тврди обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Рашковскил побарал доказ за автентичноста на преписките.
Премиерот Марк Карни ја поздрави поканата неговата земја да биде „придружна членка“ на ЕУ, но се воздржа отворено да ја прифати пред да завршат консултациите за формата за уникатното партнерство.
„Ја поздравуваме оваа амбиција“, изјави Карни во говор пред Европскиот парламент.
Канадскиот премиер се обиде да ја смири загриженоста на Доналд Трамп, кој се закани со трговска блокада на Европа ако процени дека новиот сојуз претставува непријателски чин за САД.
„Не предлагам создавање трет блок за да станеме ривал на големите сили, само со подобри манири... Не бараме моќ за да доминираме над другите. Напротив, се стремиме кон отпорност за да не може никој да ги контролира нашите отворени пазари, да ја наруши нашата сувереност, да се заканува на нашиот територијален интегритет или да ги поткопува нашите слободи, нашите демократии и владеењето на правото“, порача Карни.
На провокативните извици: „Ју-ес-еј!, Ју-ес-еј!“ во Европскиот парламент одговори со насмевка.
Јеменските хути и САД на тајни преговори во Оман постигнале договор за слободно поминување на танкери и комерцијални бродови низ протокот Баб ел Мандеб.
За возврат, американските сили ќе се воздржат од директно мешање во војната на хутите со Саудиска Арабија.
Хутите се обврзале дека нема да напаѓаат американски и израелски бродови ниту комерцијални бродови од која било друга земја, освен оние што ѝ припаѓаат на Саудиска Арабија.
Тајната средба се одржала во Амбасадата на САД во Оман во текот на викендот, неколку дена откако проиранските бунтовници зазедоа стратегиско пристаниште на Црвено Море. Трамп во саботата потврди дека хутите побарале од САД да не се мешаат во војната во Јемен.
Администрацијата на Трамп во март 2025 година ги означи хутите за „странска терористичка организација“ и бомбардираше нејзини позиции за да ја запре кампањата на напади врз бродови во Црвено Море. Но, Вашингтон ги продолжи контактите и во мај склучи договор за прекин на огнот.